Düzce Фармацевтски центар за Истражување и Развој
Нашите области на експертиза вклучуваат цврсти дозирни форми (конвенционални/модифицирани/таблети со продолжено ослободување, двојно обложени таблети, капсули, АДТ, шумливи гранули, таблети за џвакање, таблети за шмукање и микропелети) течни дозирни форми (раствори, суспензии, сирупи, капки), полу-цврсти дозирни форми (креми, помади, гелови и лосиони), цефалоспоринска група на антибиотици, парентерални формулации (лиофилизирани производи, претходно наполнети шприцови, вијали) и инхалатори со сув прав.
Фармацевтскиот центар за истражување и развој на Nobel Pharmaceuticals е искусен во правење на проценка во корелација со одделот за патенти за креирање на иновативни формулации кои не се судруваат со патентите кои припаѓаат на оригинаторот и компетентност во поднесување апликации за патенти.
Покрај напорите за развој на формулациите, ние развиваме методи и правиме соодветни технолошки проценки за да извршиме технолошки трансфер до производствените места на производот на најефикасен начин.
Нашиот центар за истражување и развој, покрај развојот на формулациите, е исто така одговорен за развој на аналитички методи погодни за супстанции и лекови и валидација на развиените методи. Со цел напорите за развој на формулата за лекови да бидат успешни, треба да се направат врвни аналитички студии. Затоа, производството на лекови со развиените формулации треба да се анализира со методи докажани дека се сигурни. Нашиот центар за истражување и развој е опремен со денешна најсовремена аналитичкa опрема и апаратура и поставени се лабараториски анализи.