Nobel Pharmaceuticals R&D
Со својата повеќе од половина век историја и стручни кадри со висок степен на знаење, Nobel Pharmaceuticals поседува силна култура за истражување и развој од денот кога е основана и ги одржува своите активности за истражување и развој на 3 различни локации со најсовремени лаборатории.
- Düzce Фармацевтски центар за Истражување и Развој
- Marmara Teknokent (MARTEK) Центар за Биотехнологија и Истражување и Развој
- Ulkar Kimya Центар за Истражување и Развој
Стратегијата за истражување и развој на Nobel Pharmaceuticals се заснова на развој на иновативни производи преку работа во согласност со стратегиите на организацијата. 95% од портфолиото на производи на Nobel Pharmaceuticals и сите формулации на лекови одобрени во 39 земји беа резултат на студиите спроведени во сопствениот Центар за истражување и развој.
Студиите за истражување и развој се спроведуваат во рамките на националните и меѓународните регулативи и упатства во согласност со одредбите на Добрата производствена пракса (ДПП) и Добрата лабораториска пракса (ДЛП) утврдени од Светската здравствена организација.