Nobel Pharmsanoat
Се стекна со меѓународните сертификати ISO 9001:2008 во 2012, ISO 22000:2005 (HACCP) во 2014 и ДПП сертификатите за квалитет во 2016.
По одлуката на Nobel Pharmaceuticals да изгради нов погон од светска класа со цел да го подобри постојното производство и дополнително да ги зголеми своите можности за извоз, изградбата на новиот погон што започна на 16 ноември 2013 беше комплетирана во август 2017 година. Nobel во рамките на своите инвестиции за развој на своите технологии во Узбекистан, обезбеди нова опрема за производство и лабораторија од САД, Германија, Кина, Швајцарија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Турција, Кореја и Индија. Фабриката во моментов има капацитети за производство на повеќе од 60 лекови, како и физички, хемиски и микробиолошки лаборатоии и активни фармацевтски супстанци, магацини за пакување и готов производ. Нашето производство е во целосна согласност со ДПП стандардите на ЕУ.
Производствениот капацитет е 10 милиони кутии годишно. Има 110 производи кои опфаќаат 60 молекули во различни групи како што се таблети, филм-обложени таблети, капсули, суспензија во прав, капки, спреј и назален спреј и пеницилин.
Nobel Pharmsanoat е во тесна соработка со Институтот за хемија на хербални супстанции на Академијата за науки на Узбекистан врз основа на локални растенија. Денес, 3 од 5 видови на производи произведени со домашни активни супстанци се извезуваат во странство. Нашата ново-основана единица за истражување и развој во нашата компанија работи на истражување и примена на нови молекули во производството. Покрај тоа, нашиот производствен капацитет за активни фармацевтски состојки наскоро ќе стане оперативен и опремен со модерна технологија.
Производите на Nobel обележани со налепница “произведено во Узбекистан” денес се извезуваат во Турција, Казахстан, Авганистан и Грузија.
Nobel Pharmsanoat придава големо значење на заштитата на животната средина и екологијата. Системот “технологија без отпад” е применет за време на производството и исто така поставен е причистителен погон.