Нашиот пристап кон човечки ресурси
Со мотото“Достојни за Вас”, на вработените во Nobel им нудиме работна атмосфера каде владее чувство за припадност и желба за работа, истовремено овозможуваме едукативна и горда кариера и го поддржуваме континуитетот на задоволството на вработените.
Посветени сме да работиме без дискриминација на религијата, јазикот, расата, полот или етничката припадност во сите наши односи во рамките на нашата сфера на влијание со принцип на еднаквост и непристрасност.
Ние во Nobel ги прифаќаме промените. Ги следиме можностите, покажуваме храброст и верба во сите процеси на промена, и ги надминуваме препреките.
Ние во Nobel носиме ефективни одлуки. Размислуваме стратешки, ја надминуваме неизвесноста. Донесуваме рационални одлуки со идентификување на причините и последиците.
Ние во Nobel сме ориентирани кон резултати. . Планираме прецизно и развиваме алтернативни сценарија што одговараат на барањата. Ние ги оценуваме проблемите и ги решаваме.
Ние во Nobel развиваме таленти. . Го поддржуваме развојот на кариерата на вработените. Ефективно ги користиме практиките за обука и менторство, примаме и обезбедуваме конструктивни повратни информации. Го охрабруваме успехот, го наградуваме и го поддржуваме континуираното учење.
Ние во Nobel ја зајакнуваме соработката. Комуницираме отворено во позитивно деловно опкружување каде сите се почитуваат едни со други.