Достојни за Вас
Во Nobel Pharmaceuticals, придобивките од искуството и богатството донесени од културните, социјалните, половите и генерациските разлики на вработените се усвојуваат како корпоративна култура.
Работиме за да ни се восхитуваат и да сме препознатливи како едни од најдобрите работодавци во индустријата, да ги откриеме, подобриме и задржиме најдобрите таленти и да ги оствариме нашите деловни цели со цел да обезбедиме највисоко ниво на соработка и да им понудиме одлична кариера на нашите вработени.
Им приоѓаме на сите наши вработени без дискриминација во однос на религијата, јазикот, расата, полот или етничката припадност во сите наши односи во рамките на нашата сфера на влијание преку принципот на еднаквост и непристрасност.
Наша цел е Nobel да се смета за најдобро место за работа и во очите на своите вработени и во очите на потенцијалните кандидати. Ги презедовме првите чекори од ова патување во 2013 година, со разбирање дека треба да се почитуваат вработените и да се цени нивниот придонес во работата.
Следејќи го брендот на работодавач, го потврдивме нашиот предлог за вреднување на вработените под мотото “Достојни за Вас” што е во согласност со нашето корпоративно мото“Вреди за здравјето”.
„Во достојна и искрена околина, вреди да се работи!“
Вреди да се ракува со науката со страст и да се врежи белег на иднината со агилни и иновативни пристапи! Вреди да се развиваат таленти. На овој пат што го поставивме велејќи дека вреди за здравјето, вреди и за приближно 3000 вработени во Nobel ширум 20 земји низ светот!
Достојни за Вас!